Киев призна дека не може да докаже присуство на руска војска во Донбас

Украинските власти засега немаат правни докази за присуство на регуларна руска војска во Донбас, изјави заменик-министерот за прашања на териториите кои не се под контрола на Киев Георгиј Тука.

Киев во текот на трите години, колку што ја спроведува антитерористичката операција во Донбас, никако не можеше да докаже дека е присутна руска војска во регионот, изјави украинскиот заменик-министерот за времено окупирани територии и внатрешно раселени лица Георгиј Тука.

„Ние засега не можеме, и покрај сите настојувања, правно да докажеме присуство на регуларна руска војска во Донбас, изјави Тука за порталот „Апостроф“.

Тој нагласи дека тоа го потврдила и неодамнешната одлука на меѓународниот суд во Хаг. „Ние можеме во лутина и мака да искинеме и по сто вишиванки дневно, меѓутоа, тоа не е решение. Тоа се апсолутно емотивни работи“, нагласи украинскиот заменик-министер.

Тука исто така потврди дека Украина „правно не може да зборува за окупација на Донбас, затоа што таму нема руски органи на власта“.

Денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков уште еднаш изјави дека во Украина нема руски војници. Песков на тој начин ги коментираше изјавите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој зборуваше за потребата од повлекување на руските војници од просторите на Украина, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња