Рускиот лидер Владимир Путин изјави на маргините на самитот на Г-20 дека интересите на народите на Русија и Украина се совпаѓаат.
„Интересите на Русија и Украина и интересите на рускиот и украинскиот народ – длабоко сум уверен во тоа, едноставно потполно убеден – се совпаѓаат. Нашите интереси потполно се совпаѓаат. Не се совпаѓаат само, можеби, интересите на сегашното раководство на Украина и некои политички кругови на денеска Украина“, истакна шефот на руската држава.
Тој исто така изјави дека на властите на Украина им останал само еден производ – русофобијата.
„Ним им остана само еден производ со кој успешно тргуваат – тоа е русофобијата. И уште тргуваат со политиката на поделба на Русија и Украина, со раздвојување на народите на двете држави“, додаде рускиот претседател, пренесува RT.
Путин изрази надеж дека еден ден тоа ќе заврши.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче