Јанукович се надева на враќање на Крим во состав на Украина

Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович изрази надеж дека Крим ќе се врати под контрола на Киев.

„Би сакал Крим да се врати во составот на Украина, но тоа ќе зависи од жителите на Крим“, изјави Јанукович, пренесува порталот „Рамблер“.

Според поранешниот украински претседател, „кукавичката власт“ на Украина не се спротивставила на присоединувањето на полуостровот кон Русија, затоа што сфаќала дека „таму (на Крим) ќе добијат по заби“.

„Одлуката на Кримјаните беше апсолутно предвидлива. Никој не се сомневаше во тоа. Ние знаевме дека на Крим отсекогаш имаше проруско расположение и беше потребен само повод. Тој повод го создадоа радикалите“, резимира Јанукович.

Претходно тој изјави дека доаѓа крајот на владеењето на претседателот на Украина Петро Порошенко.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња