„Тоа не е писмо. Тоа е изјава на Јанукович. Тој никогаш не демантираше дека го потпишал тоа“, изјави Захарова гостувајќи на радиото „Зборува Москва“.
Се работи за документ кој постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин го цитираше во ООН.
„Чуркин беше овластен да го цитира текстот на изјавата во Советот за безбедност на ОН, и тоа го стори. Таа изјава потоа беше поделена како документ во СБ, обично се прави така“, рече Захарова.
Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не добил официјално писмо од поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович со барање да ја испрати војската во Украина во март 2014 година.
Во февруари оваа година Јанукович изјави дека не се обратил до Русија со барање да испрати војска и дека не му пратил писмо на Путин. „Тоа не е писмо, тоа е изјава, како прво. Како второ, постојат закони. Јас не си го предадов народот, јас се обидов да го заштитам и постапував во рамките на своите овластувања“, изјави Јанукович.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче