Варшава: Украина „со Бандера“ нема да влезе во ЕУ

Полска сака да ги реши историските прашања со Украина пред Киев да побара членство во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски.

Украина нема да влезе во Европската унија „со Бандера“, изјави министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски во интервју за изданието wPolityce.

Шефот на полското МНР истакна дека економската соработка на Полска со Украина не изгледа многу добро, но „најлошото од сѐ е, се разбира, во историските прашања“.

„Нашата порака е многу јасна: со Бандера во Европа нема да влезете“, изјави Вашчиковски, пренесува РИА „Новости“.

„Ние го кажуваме ова и гласно, и тивко. Нема да ги повториме грешките од 90-те години, кога не решивме некои прашања во односите со Германија и Литванија. Мислам на статусот на полските малцинства во овие земји. Поучени од ова искуство, од Украина категорично ќе бараме сите прашања да бидат решени пред Киев да застане пред вратите на Европа да бара членство. Ќе бидеме исто толку решителни како што е решителна, на пример, Грција спрема Македонија по повод името“, изјави тој.

Притоа шефот на полското МНР истакна дека не гледа голема волја кај украинското раководство да ги реши насушните проблеми на земјата.

„Не се гледа премногу таква волја. На тоа се додава наивната верба на Украинците дека Европејците, Германците Французите ќе го добијат за нив конфликтот со Русија“, изјави Вашчиковски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња