Бивш министер за одбрана на Украина повика на терористички напади во Русија

„За секој автомобил што експлодирал во Киев или Мариупол по два треба да одлетаат во воздух во Таганрог или Москва”, изјави поранешниот министер за одбрана на Украина Анаталиј Гриценко.

Поранешниот министер за одбрана на Украина Анатолиј Гриценко изјави дека на секоја експлозија на автомобил во Киев или Мариупол треба да се одговори со терористички напади во Русија: „во Таганрог и Москва“.

Тој изјави дека меѓу Украина и Русија се води војна која се манифестира со убиствата извршени во Киев. Гриценко рече дека смртта на поранешниот разузнавач на Министерството за одбрана на Украина Максим Шаполов и полковникот на контраразузнавачката служба на СБУ Јуриј Возниј не е првото „симптоматично и дрско убиство на украински офицери“, пренесува „Взгљад”.  

„Ако е тоа војна, а не забава за претседателот, тоа значи дека за секој автомобил што експлодирал во Киев или Мариупол по две треба да одлетаат во воздух во Таганрог или Москва“, изјави Гриценко.

Минатата недела во Киев во експлозија на автомобил загина полковникот Максим Шаповал. Истиот ден во Донецката област експлодираше автомобил во кој имаше припадници на Службата за безбедност на Украина, меѓу кои беше и Јуриј Возниј. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња