Турчинов повикува на нов формат на борба со „хибридната агресија“ на Русија

Секретарот на СНБО на Украина Александар Турчинов изјави дека неговата земја се соочува со хибридна агресија од Русија.

Во Украина е неопходно да се заврши антитерористичката операција и да се премине на нов формат на одбрана на земјата од хибридна војна, изјави секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александар Турчинов, пренесува прес-службата на неговиот ресор.

„Воените дејствија траат на истокот на нашата земја веќе три години и еволуираа како според времетраењето , така и според степенот на форматот на ATO. Во исто време, треба да се напомене дека антитерористичката операција исполни многу важни задачи. Имено во рамките на ATO ние го запревме агресорот, успеавме да одржиме претседателски, парламентарни и локални избори, а исто така ослободивме и значителен дел од окупираната територија на Украина. Во исто време, време е да преминеме на нов формат на заштита на земјата“, изјави Турчинов.

Според него, постојното законодавство предвидува два основни случаи кога се дозволува воена примена на ВСУ:  објава на војна и антитерористичка операција.

„Согласно нашето законодавство, воведувањето вонредна состојба предвидува само постоење на посебен правен режим во земјата или во одредени региони, и не дава автоматско право за употреба на Вооружените Сили и други воени формации“, објасни секретарот на СНБО на Украина, додавајќи дека законодавството е формирано врз основа на идеите на ХХ век за класична војна и не ја зема предвид потребата од спречување на хибридна агресија која, според Турчинов, Руската Федерација ја води против Украина.

Затоа, според него, време е да се дефинира нов формат, кој ефикасно ќе ја заштити Украина од хибридни методи на војување.

„Дојде време не само да се прогласат за окупирани некои региони на  Донецката и Луганската област, туку јасно, на законодавно ниво, да се дефинираат принципите на државната политика за нивно ослободување. Потребна е ефикасна технологија за заштита на земјата, а за тоа законодавно треба да му се даде на претседателот право на користење на ВСУ и другите воени формации против хибридната агресија од страна на РФ“, резимира Турчинов.  

Претходно Турчинов изјави дека на Исток треба да се создаде несовладлива тврдина, пренесува порталот „Шариј.нет“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња