Украински експерт: На Порошенко му е јасно дека нема да го врати Крим

На сите им е јасно дека Крим не може да се врати, изјави за весникот „Взгљад“ украинскиот политолог Михаил Погребински, коментирајќи ја наредбата на Порошенко за промена на статусот на полуостровот во уставот на Украина. Притоа експертот дозволува дека оваа мерка е дел од подготовката за обраќање на Киев до меѓународните инстанци.

Во четвртокот беше соопштено дека претседателот на Украина Петро Порошенко им наложил на пратениците на Врховната Рада да работат на делот во уставот во кој е опишан статусот на Крим.

„Сфативме дека денес Автономната Република Крим не може веќе да постои во составот на унитарната земја“, објасни членот на уставната комисијата на Радата Јуриј Чижмар.

„Во оваа одлука на Порошенко нема никаква содржајна смисла“, потенцира директорот на киевскиот центар за политички истражувања и конфликтологија Михаил Погребински. „На сите, вклучително и на Порошенко, им е јасно дека нема да успеат да го вратат Крим“, додава тој, пренесува „Взгљад“.

Притоа, наведува Погребински, на властите на Украина им е неопходно на периоди да го поставуваат прашањето за територијалниот интегритет на државата.

„Оттука и разговорите за окупација на делови на Донбас, за анексија на Крим. Ова не треба да биде ограничено со време“, убеден е соговорникот. Тоа е потребно за да „соодветствува на желбите на оној дел на општеството кој верува во чуда“, потенцира Погребински. Нивните очекување треба некако да се реализираат, „на пример, да се измислува национална стратегија на Кримските татари, и слични на тоа апсолутно нереални работи“.

Уставната инцијатива на Порошенко за Крим, веројатно, е резултат на притисокот од страна на националистите и некои организации на Кримските татари, смета експертот.

Погребински дозволува одлуката на Порошенко да е елемент на правната подготовка на Киев за тужби до меѓународните судови.

„Мислам дека ќе има такви кои сакаат да се поднесат тие тужби. Но колку подалеку, толку поголема е веројатноста Русија да се дистанцира од оние меѓународни институции кои ќе ја игнорираат реалноста“, смета експертот. „Ова се однесува, очигледно, како на институциите како што се Советот на Европа, ПАСЕ, Европскиот парламент, така и на оние судски инстанци кои ќе донесуваат одлуки спротивни на националните интереси на руската држава“.

Украина, пак, од своја страна ќе ја тестира поддршката на Западот за украинските барања и ќе се стреми „да ја намести“ ситуацијата така што Москва секогаш ќе биде виновна“, заклучува експертот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња