Висината на казната не се прецизира, пренесува „Взгљад“.
Претходно, Киев изјави дека паричната казна може да биде во износ до 200 илјади евра и, исто така, дека ќе се жали на оваа одлука.
Во четвртокот раководниот орган на „Евровизија“ – Референтната група – препорача парично да се казни НОТУ поради доцнењето при подготовката на музичкото натпреварување и ситуацијата со Јулија Самојлова. Против рускиот „Прв канал“ Референтната група донесе само укор.
Русија не учествуваше во изборот за „Песна на Евровизија“ и не го пренесуваше поради забраната за влез во Украина на Самојлова.
Киев одби да ја пушти руската пејачка поради тоа што таа го има посетено Крим.
Кремљ изјави дека Украина го девалвираше со тоа меѓународното музичко натпреварување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче