Пејачката Јулија Самојлова за жителите на Севастопољ пееше на концерт посветен на Денот на победата, кој се одржа на плоштадот Нахимов, каде и покрај дождот се беа собрале неколку илјади лица, пренесува РИА Новости.
„Ви го честита празникот на Големата победа – 9 мај. Многу ми е мило што сум денес со вас... Со гордост во срцето и со огромна радост денес пеам за вас“, рече од сцената пејачката.
Таа на жителите на градот-херој им го честиташе празникот, исполнувајќи седум песни. Јулија Самојлова го отвори својот настап со песната „Молитва“ со која српската пејачка Марија Шерифовиќ победи на Евровизија во 2007 година. Освен тоа таа ја исполни песната од воените години „Славеи“, а исто така и „I will always love you“. Пејачката го заврши својот настап во Севастопољ со песната „Flame is Burning“ со која требаше да настапи на годинашново издание на Евровизија во Киев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче