Медиум: Киев претходно го планирал нападот врз малезискиот „Боинг“

Изданието „Врвна тајна“ во четвртокот, 29 јуни, објави карта на летот на борбен авион на Военото воздухопловство на Украина кој прелетал над Донецк на денот на падот на малезискиот „Боинг“ MH17 во јули 2014 година.

„Пред вас е тајниот план за летање, изработен и лично потпишан еден ден пред полетувањето, на 16 јули 2014 година, од пилотот на 299 тактичка воздухопловна бригада капетан Владислав Волошин и одобрени од страна на командантот на ВП А4104 полковник Генадиј Дубовик“, се вели во материјалот на „Врвна тајна“. Во материјалот исто така има и записи од разговори со војници на украинската воена единица во Чугуев.

На картата се гледа дека авионот на Волишин полетал од аеродромот во градот Чугуев во Харковската област и се упатил во југоисточен правец. Траекторијата на летот се вкрстува со маршрутата на авионот „Боинг“, кој се урна во Донецката област. Изданието притоа не тврди дека патничкиот авион бил соборен токму од Волошин, сепак, повикува внимателно да се проучат презентираните документи.

Покрај тоа, „Врвна тајна“ ја презентира наредбата број 734, потпишана од страна на полковникот Дубовик два дена пред падот на MH17. Во неа се наведени авионите на Вооружените сили на Украина (ВСУ), одговорни за борбената задача на 17 јули 2014 „во услови на спроведување на антитерористичката операција (ATO)“. Тоа Су-25М1 №08, Су-27 №36 и МиГ-29МУ1 №29.

Во разговорот со изворот на „Врвна тајна“ началникот на штабот на ВП A 4104 потполковник Батурин раскажа дека на 17 јули борбени авиони на ВВ на Украина „полетаа да ја извршат задачата број 1 за уништување на воздушни цели на подрачјето на Снежное и Торез“. Според него, на 15 јули 2014 година пристигнал противавионски ракетен систем на 156 противавионски ракетен полк, кој на 17 јули излегол во истиот реон „за поддршка за извршување на задачите од копно“. Батурин, исто така, додава дека по извршувањето на „задачата број 1“, воздухопловниот винг бил расформиран, а пилотите префрлени во други единици, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња