Путин: САД никогаш нема да ја откријат вистината за падот на MH-17

САД никогаш нема да ја откријат вистинската причина за падот на малезискиот „Боинг“ на истокот на Украина, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во интервју за американскиот режисер Оливер Стоун.

Претседателот на Русија потврдно одговори на прашањето за тоа дали разузнавачките служби на САД имаат информации за падот на патничкиот авион. Притоа тој истакна дека позицијата на САД за Украина е јасна - тие сакаа да ја префрлат целата вина врз бунтовниците и индиректно врз Русија, пренесува „Росијскаја газета“.

„Ако информацијата е спротивна на тоа, тогаш тие (САД) никогаш нема да ја откријат“, изјави Путин. Тој, исто така, изрази уверување дека дел од одговорноста за катастрофата лежи врз раководството на Украина, затоа што не ги послуша советите и почна масовни борбени дејствија во Донбас.

„Боинг 777“ на Малезија Ерлајнс, кој леташе од Амстердам за Куала Лумпур (Малезија), беше соборен на истокот на Украина на 17 јули 2014 година, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња