Спикерот на Врховната Рада Андреј Парубиј Андриј е сигурен дека изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ може да биде поттик за инвазија на руската армија врз Украина. Тој го изјави ова за време на прес конференција во Киев, пишува „Обозреватељ“.
Парубиј го нарече гасоводот „современо руско енергетско оружје“, опасно за Украина не само од политички аспект, туку и од гледна точка на безбедноста.
„Русија повеќе нема да се воздржува себеси од масовна инвазија врз Украина, кога нема да биде важно присуството на нашата територија на системот за транспорт на гас преку кој Русија испорачува гас на западноевропскиот пазар“, изјави спикерот на украинскиот парламент.
Покрај тоа, Парубиј изјави дека пуштањето во работа на гасоводот дополнително ќе ѝ донесе на Москва „огромни средства“ кои можат да бидат потрошени на воени операции во Сирија и Украина, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче