Порошенко: Северен тек-2 е одмазда кон Украина

Украинскиот претседател го оценува проектот Северен тек-2 како одмазда, со која неговата земја ќе претрпи загуба од 2 милијарди долари.

Претседателот на Украина Петро Порошенко повторно ја критикуваше изградбата на проектот Северен тек-2. Според него, гасоводот не се раководи според економски или енергетски цели, ами е потребен за „одмазда“ на Киев, пренесува РИА Новости.

Во интервју за украински телевизиски канал Порошенко изјави дека новиот гасовод на Москва има за цел да ја лиши Украина од две милијарди долари кои сега ги добива за транзит на гориво.

„Тоа е мошне сериозна закана за Украина што ја формира Руската Федерација“ ги цитира зборовите на украинскиот претседател порталот Корреспондент.net.

Порошенко тврди дека Русија сака да ѝ се „одмазди“ на Украина за „поразот“ на Стокхолмскиот арбитражен суд.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња