ЛНР: Киев подготвува провокации на границата со Крим

Заменик-министерот за државна безбедност во самопрогласената Луганска народна република Александар Басов изјави дека украинските тајни служби подготвуваат провокации против набљудувачите од Специјалната мониторинг-мисија при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)

„Министерството за државна безбедност (МДС) на Луганската народна република доби оперативни информации за подготовката на украинските тајни служби на границата со Крим за провокации во однос на меѓународните набљудувачи од ОБСЕ“, изјави Басов, пренесува РИА Новости. 

Според податоците на МДС во реонот на премините Каланчак, Чаплинка и Чонгар соработници на украинските служби за безбедност подготвуваат атентат на претставниците на мониторинг-мисијата, меѓу кои се и Ханс Петер Етер и Пол Меккалоу.

„МДС исто така, располага со информации за соучество во провокациите на некои соработници на контраразузнавачкиот оддел во петтата управа на Канцеларијата за безбедност на Украина, кои во моментов се наоѓаат на наведените премини“, изјави Басов, па дури и посочи имињата на конкретни лица.

Властите на Украина во април 2014 година почнаа воени операции против самопрогласена ЛНР и ДНР кои прогласија независност по државниот удар во Украина во февруари 2014 година. Според последните податоци на ОН жртви на конфликтот станале над 10 илјади лица.

Прашањето за регулирањето на ситуацијата во Донбас се дискутира првенствено во текот на средбите на Минската контакт-група која од септември 2014 година усвои 3 документот со кои се регулираат чекорите на деескалација на конфликтот. Меѓутоа и по договорите за примирје меѓу страните во конфликтот, нападите продолжува и до денес.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња