Министерството за надворешни работи на Украина изрази „решителен протест“ поради посетата на претседателот Владимир Путин на Крим, соопшти службата за односи со јавноста на украинскиот надворешнополитички ресор.
Во соопштението на сајтот на украинското Министерство за надворешни работи се наведува дека Киев упатил нота до надворешнополитичкиот ресор на Русија, пренесува Взгљад.
Путин вчера беше во посета на детскиот камп „Артек“ на Крим, таму ја погледа макетата на меѓународниот детски центар и се запозна со резултатите од реконструкцијата на објектите од инфраструктурата на кампот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче