Лавров: Обидите да се влијае врз Русија со санкции се илузорни

Лавров исто така „ја потврди оценката на некои потези на коалицијата на чело со САД кои го нарушуваат суверенитетот на Сириската Арапска Република“ и ја отежнуваат борбата против терористите.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон имаше телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Шефот на руската дипломатија ги критикуваше американските санкции против Русија и потезите на Пентагон во Сирија.

 

„Лавров обрна внимание на тоа дека се илузорни обидите за санкциски притисок врз Русија кој Вашингтон повторно го примени на 20 јуни“, се наведува во соопштението на сајтот на Министерството за надворешни работи на Русија.

 

Рускиот министер изјави дека санкциите ги доведуваат во прашање севкупните „руско-американски односи, кои и онака минуваат низ тежок период“.

 

Лавров го потсети својот колега дека Москва сепак очекува одговор на предлозите за нормализација на односите што претходно му ги упати на Вашингтон.

 

Лавров исто така „ја потврди оценката на некои потези на коалицијата на чело со САД кои го нарушуваат суверенитетот на Сириската Арапска Република“ и ја отежнуваат борбата против терористите. Се мисли на нападите на американската војска врз провладините сили и на авионите на сириското воздухопловство.

 

Лавров ги повика САД „строго да ги почитуваат претходно постигнатите договори за различни аспекти на решавање на сириската криза“, пренесува Взгљад. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња