Eксперт: За Нобеловски лауреат Русите не се луѓе, туку лоши дивјаци

Добитничката на Нобеловата награда за литература Светлана Алексиевич даде интервју за руски портал чие објавување подоцна го забрани.

Добитничката на Нобеловата награда за литература за 2015 година Светлана Алексиевич, која, како и повеќето лауреати на оваа награда, беше практично заборавена последниве неколку години, повторно е во центарот на вниманието. Секогаш насмеаната новинарка чиј мајчин јазик е рускиот и чие творештво, како што се наведува во сите референци за неа, е „исполнето со сочувство и хуманост“, во интервју за порталот Regnum изнесе цела низа пречистени откровенија, пишува аналитичарот Виктор Мараховски за РИА „Новости“.

Ова се некои од нејзините ставови:

1) Рушењето споменици во Украина и забраната на рускиот јазик „претставуваат отпор спрема Русија. Тоа е единствениот начин да се изгради нацијата. Вие, Руси, правевте многу полоши работи. Двесте години.”

2) Убиството на Бузина - „тоа го разбирам. Она што тој го зборуваше предизвикуваше гнев“.

3) Во Русија „дојде многу сервилна генерација, потполно неслободни луѓе, има многу поклоници на Путин, тешко е да се каже кога Русија ќе се претвори во слободна земја“.

4) „Слободните луѓе се луѓе со европски поглед на нештата, похумани. Тие се разликуваат дури и на ниво на изгледот. Еве оваа девојка, бармен во кафулето во кое  разговараме, таа не е слободна. Таа не може директно да каже што мисли за оваа држава. Тие нема да го кажат тоа, а таму секој човек ќе го каже“.

5) „Нема да зборувам со вас за тоа, нема да го слушам тоа, не сум била во Донбас и нема да одам таму. Немојте да ми ја полните главата со глупостите со кои е преполна вашата глава. Толку лесно верувате во секоја пропаганда. Тоа е на вашата совест, на совеста на Путин. Ајде да го завршиме вашето идиотско интервју. Немам повеќе сила за тоа. Вие сте едноставно куп пропаганда. Знаете што, не ми се допаѓа вашето интервју и ви забранувам да го објавите“.

„Новинарката Светлана не е едноставно злобен стар современик. Туку таквиот современик кој има официјален статус е осветлен со векови од европската традиција. Таа е признаена како носител и преносител на идејата што ја усвои Европа или, пошироко, Западот. И за нас зборува строго само она што е дозволено и што се поздравува“, вели коментаторот, додавајќи дека преку неа рускиот човек може да се запознае со она што може да мисли за Русите еден носител на „европски поглед на нештата“.

Таа во суштина вели дека „Русите не се во потполност луѓе“.

„На тие Руси не се однесуваат оние норми на хуманизам и сочувство кое можат да го очекуваат вистинските нации. Затоа што меѓу нормалните луѓе, слободните, со европски поглед на нештата, незамисливо е да оправдувате убиство, рушење на споменици, забрана на јазик и прогон на некоја нација“.

„Тие нормални луѓе можат дури и да чувствуваат хуманост спрема различни видови дивјаци, ако тие се, се разбира, свесни за својата заостанатост и ја признаваат доминацијата на слободата и европскиот поглед“.

„Но, Русите не спаѓаат во добрите дивјаци. Според споменатата западна традиција, тие спаѓаат во лошите дивјаци, во оние кои не примаат мисионери и не пијат огнена вода и ѓердани, ами насилните обиди да ги цивилизираат ги дочекуваат со дожд од стрели“.

„Ние сме надвор од оградата, ние не се вбројуваме во списокот на човечкиот род на нивото на западниот културен официјален став. Секое наше прогонување, секој притисок врз нас, убиство на нас – имаат оправдување и објаснување, затоа што нам, според нивните мерила, ни недостасува она што ги прави вистинските луѓе. Ние ја немаме Слободата, не ја сакаме и се бориме против неа“, иронично заклучува аналитичарот. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња