Нобеловката Алексиевич: Не го сакам рускиот свет на Путин, но го сакам рускиот народ

Добитничката на годинешнава Нобелова награда за литература, Белорусинката Светлана Алексиевич изјави дека го сака рускиот народ.

Добитничката на годинешнава Нобелова награда за литература, Белорусинката Светлана Алексиевич изјави дека го сака рускиот народ. Според мислењето на многумина аналитичари, таа го доби ова престижно признание поради изразените антируски ставови, пишува „Взгљад”.

„Го сакам рускиот народ, го сакам белорускиот народ. Моите роднини по татко беа Белоруси и мојот сакан дедо. Впрочем, јас сум четврта генерација селски учител. Мојот прадедо студирал со Јакуб Колас. Значи, чувствувам дека ова е моја татковина, моја земја“, рече Алексиевич.

„Од друга страна, мојата баба и мајка се Украинки. Ја сакам Украина. И кога неодамна бев на мајданот и видов фотографија на загинатите, заплакав. И ова е моја земја“, додаде писателката.

„Го сакам рускиот свет, но и понатаму не можам да разберам што тие имаат предвид. Јас го сака добриот, хуманистичкиот руски свет. Оној свет пред кој се поклонува целиот свет, пред книжевноста, балетот, музиката. Да, го сакам тој свет. Но не го сакам светот на Берија, Сталин, Путин, Шојгу. Тоа не е мојот свет“, рече добитничката на Нобеловата награда.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња