Првиот човек на украински „Нафтогас“ изјави, конкретно, дека „Северен тек 2“ е закана за Европската унија и Украина и е награда за Русија. Коболев смета дека тој проект ги проширува можностите на „Гаспром“ да ја злоупотребува својата доминантна положба на пазарот на гас на Европа“.
„Ние би им советувале на САД колку што е можно побрзо да ги прошират санкциите врз сите компании потенцијално вклучени во наведениот проект“, изјави Коболев во интервју за „Вол Стрит Џурнал“.
Првиот човек на „Нафтогас“ тврди дека секоја анализа ќе покаже дека тој гасовод е насочен против интересите на САД, како и дека нанесува штета на принципите на солидарност во Европа.
Коболев додава дека неприменувањето на санкции против „Северен тек 2“ е „непростливо“.
Претходно Коболев исто така изјави дека НАК „Нафтогас на Украина“ апелира до ЕУ да го примени Третиот енергетски пакет за „Северен тек 2“, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче