„Комерсант“: Киев сака да воведе воена состојба во Донбас

Наместо тнр. антитерористичка операција во Донбас (АТО), Киев има намера да воведе во некои реони на Донецката и Луганската област воена состојба.

Тоа може да биде утврдено со новиот закон на чие изготвување работи администрацијата на претседателот на Украина Петро Порошенко. Ова во понеделникот го соопштува „Комерсант“ повикувајќи се свои извори.

„Суштината на промените е во тоа што, ако сега со градовите на фронтот практички управуваше Службата за безбедност на Украина, која ја спроведуваше АТО, тогаш по донесувањето на законот раководните функции ќе преминат на претставниците на армијата. Тоа ќе овозможи пооперативно и поефикасно да се реализираат одбранбените и евакуациските работи, доколку дојде до таква потреба“, објасни соговорникот на изданието.

Како што истакнува изворот, воената состојба најверојатно ќе ги зафати градовите под контрола на Киев: Мариупољ, Краматорск, Славјанск, Авдеевка и Марјинка.

Според мислењето на украинската опозиција, законот ќе му овозможи на Киев да го отсече населението на Донбас од изборниот процес во земјата. „Воената состојба е смислена за градовите, каде власта ужива најмала популарност, да не можат да влијаат на резултатите на изборите“, го цитира „Комерсант“ лидерот на партијата „Социјалисти“ и поранешен министер за надворешни работи на Украина Леонид Кожара.

Претходно беше соопштено дека во украинскиот парламент е поднесен предлог-закон за завршување на АТО. За можно укинување на антитерористичката операција во Донбас на 13 јуни соопшти секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александар Турчинов, пишува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња