Според зборовите на украинскиот премиер, по воспоставувањето на контролата над границата со Русија, украинската влада „треба да ги обнови загубените објекти на инфраструктурата, како и да врши активна работа привлекување на луѓето да живеат во мирна Украина“.
„Како пример чиновниците треба да ја земат Хрватска, која по крвавата војна испровоцирана од режимот на Слободан Милошевиќ, си ги поврати загубените територии, а потоа го врати мирот и во општеството“, го цитира Гројсман во четвртокот сајтот ТСН на украинската телевизија „1+1“.
Првиот човек на украинската влада потенцираше дека наредниве денови предлог-законот за реинтеграција на Донбас треба да биде поднесен на разгледување во парламентот. „Хрватска има многу важно искуство во ова прашање. Вие сите знаете за настаните кои се случуваа на Балканот. Ние направивме заедничка група, тука влегуваат претставници на владата на Хрватска и претставници на владата на Украина, ќе работиме заедно и ќе го прифатиме искуството кое беше доволно ефикасно во нивната земја“, изјави Гројсман, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче