МНР на РФ за идејата на Киев за „хрватска реинтеграција“ на Донбас

Плановите на Киев за примена на хрватското искуство за „реинтеграција на територии“ не придонесуваат за решавање на внатрешната украинска криза, се вели во коментарот на Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Русија.

Коментарот на рускиот дипломатски ресор беше објавен по изјавата за активирање на групата за соработка со Украина при владата на Хрватска.

Министерството за надворешни работи на Русија ги нарекува таквите потези „контрапродуктивни и несоодветни“.

„Се надеваме дека хрватските партнери ќе ги преориентираат напорите кон целосна поддршка за ригорозно и доследно применување од страна на Киев на своите обврски“ според утврдениот во „Нормандиски формат“ минскиот пакет-мерки, истакнува руското МНР.

Се истакнува дека Загреб наместо да повикува на интензивирање на дијалогот во рамките на Минската контакт-група, „претпочита да промовира „домашно одгледани“ паралели структури“.

„Еднострано се презентираат тешките страници на балканската криза од првата половина на 1990-те години, со самото тоа одејќи ѝ во прилог на киевската „партија на војната“, наместо недвосмислено изразување на својата заложба за изнаоѓање на начини за помирување и коегзистенција“, изјавија од МНР на РФ.

Министерството изразува надеж дека во активностите на меѓународната заедница за стабилизирање на ситуацијата во Украина ќе нема место за „двојни стандарди“.

„Само чесен, отворен и координиран пристап кон она што се случува таму, ќе му даде вистинска шанса на воспоставувањето на мирот, безбедноста и нормализирањето на животот на милионите луѓе на југоистокот на земјата“, истакнува руското МНР, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња