„Зошто нѐ оставивте? Бидејќи во Украина не се сите поддржувачи на Бандера. Ние одиме на „Бесмртниот полк“ и оддаваме почит на дедовците. Зошто на сите телевизии нѐ мачкате со иста боја?“, го праша жител Киев рускиот лидер, пренесува „Взгљад“.
Путин му се заблагодари на човекот за повикот.
„Ви благодарам за вашата позиција што ја негувате историјата. Ние тоа го гледаме и многу високо го цениме. Јас не можат да се согласам дека сите ги мачкаат со црна боја, ние воопшто се трудиме никого да не мачкаме. ... Ние се плашиме да не ви нанесеме некаква штета и се трудиме да не се мешаме во политичките процеси во Украина“, појасни Путин.
Претседателот на Русија, исто така, се сети на лидерот на движењето „Украинскиот избор е право на народот“ Виктор Медведчук, нарекувајќи го жесток приврзаник на независноста на Украина, националист, кој притоа се залага за добри односи со Русија. „И тој не е сам во тоа“, изјави Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче