„Треба само да се погледне како се одвиваа настаните. Откако Јанукович изјави дека треба да го одложи потпишувањето на договорот за асоцијација со Европската Унија, веднаш почнаа масовни немири“, изјави Путин, пренесува „Газета.ру“.
Според рускиот лидер, во Стариот свет и од другата страна на океанот немало желба да се разберат причините за тоа што се случи и го поддржаа државниот преврат во Киев пред повеќе од три години.
Стоун, пак, истакна дека САД ѝ посветувле малку внимание на Украина. Со тоа Путин не се согласи, потенцирајќи дека најмногу внимание обраќала ЦИА.
Тој, исто така, изрази мислење дека основниот предуслов за политичката криза бил заморот на граѓаните на Украина од корупцијата и сиромаштијата. Според него, државата „веднаш по стекнувањето на независноста почна уште подива приватизација и грабање на државното богатство, имотот, намалување на животниот стандард населението“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче