Турчинов: Војната во Донбас ќе заврши кога ќе ја „заземеме Москва“

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (СНБО) Александар Турчинов се пошегува дека војната во Донбас ќе заврши кога украинските сили „ќе ја заземат Москва“.

Кадрите од својата посета на Донбас Турчинов ги објави на својата страница на „Фејсбук“.

Одговарајќи на прашањето кога ќе завршат воените дејствија на истокот на Украина, тој кажа: „Кога ќе ја заземеме Москва, тогаш и ќе заврши“.

Во текот на посетата на Донбас Турчинов ги посети Марјинка и Красногоровка и ги разгледа позициите на украинските сили.

Од 1 јуни во Донбас е објавен вонреден режим на прекин на огнот. Завојуваните страни веќе се обвинија меѓусебно за прекршување на примирјето. Од ДНР изјавија дека украинските безбедносни сили гранатирале повеќе од 20 населени места, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња