Министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин предлага создавање систем според кој Русите треба претходно да известуваат за своите намера да ја посетат земјата. Ова тој го изјави во понеделникот, 12 јуни, во интервју за националниот канал „1+1“.
Според него, визниот режим застарува и заминува во минатото, но редот за влез во една или друга држава со биометриски пасоши во светот само се зацврстува.
„Ете, вие патувате во многу земји и потоа одите на интернет и велите: за пет дена патувам – ете така всушност и руските граѓани треба да патуваат во Украина, потребно е да се создаде соодветна платформа и да се контролира влезот, за тоа да не биде апсолутно неконтролирано“, изјави шефот на украинското МНР.
Тој додаде дека за создавање на таков систем ќе бидат потребни неколку месеци, а потоа треба да биде проверен. „Нашата цел треба да биде едноставна – да се затвори границата, но на начин тоа да не биде политички апел, туку границата да биде затворена и тоа да не им наштети на Украинците“, изјави Климкин, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче