Во случај да се донесе позитивна одлука за воведување визен режим со Русија, МНР на Украина е подготвено да пристапи кон нејзина реализација, изјави за телевизијата „112 Украина“ шефот на украинскиот дипломатски ресор Павло Климкин.
„Имаме соодветно искуство, затоа за МНР на тој план не грижете се“, изјави Климкин, додавајќи дека, според него, „воведувањето на визен режим не е доволно. Ние треба да воведеме за контрола на влегувањето биометриски пасоши, а потоа уште и контрола на оние кои пристигаат“, изјави украинскиот дипломат.
Тој изјави дека не е против воведувањето визен режим со Русија, но ја истакна потребата да се биде свесен дека по тој потег Москва ќе преземе свои мерки, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче