Порошенко рецитира руски класици по повод безвизниот режим со ЕУ

Претседателот на Украина Петро Порошенко на концертот по повод воведувањето безвизен режим со ЕУ во Киев рецитираше стихови од класиците на руската литература Михаил Лермонтов и Александар Пушкин.

„Со вас, украинскиот народ и целата Украина, влегувам во друга историска епоха. Овој настан го означува конечниот прекин на нашата земја со Руската империја“, изјави Порошенко.

Понатаму тој рецитираше стихови од поемата на Михаил Лермонтов „Збогум, немиена Русија“.

Потоа тој во својот говор ги рецитираше и последните пет стиха од поемата на Александар Пушкин „На Чаадаев“, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња