Ова украинскиот лидер го изјави на отворањето на симболичниот „безвизниот тајмер“ – обратното сметање на времето до воведувањето на безвизниот режим со Европската унија.
„Ова ќе биде веќе дефинитивното „Збогум“ на Руската империја и зборовите Back in the USSR ќе ги слушаме само кога ќе ги слушаме „Битлси“, изјави за телевизијата „112 Украина“ Порошенко.
Според него, сега Украина се враќа во „семејството на европските народи“.
Безвизниот режим меѓу Украина и Европската унија треба да почне да функционира на полноќ на 11 јуни, соопштува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче