Безвизниот режим меѓу Украина и ЕУ е збогување на Украина со советско-руската империја, изјави на 17 мај на заедничката конференција со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани украинскиот лидер Петро Порошенко, соопштува „Европска правда“.
„Ова е апсолутно историски ден за мојата 45-милионска нација и исто таков историски ден за ЕУ. Украина се враќа во европското семејство и ѝ го кажува последното „збогум“ на советско-руската империја“, изјави Порошенко.
Тој исто така соопшти за подготвеноста за понатамошно реформирање на Украина, уверувајќи дека земјата е апсолутно одлучно расположена за тоа, затоа што ги исполнила 144 услови на ЕУ.
„Новите правила за либерализација на безвизниот режим претставуваат почеток на нова ера. Нека е со среќа!“, изјави од своја страна Тајани.
На 17 мај во Европскиот парламент беше потпишана препораката за безвизен режим со Украина, пренесува порталот „Шариј.нет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче