„Хил“: Русија ги најде слабите места на Западот и вешто го користи тоа

Според професорот по политологија Шај Гершковиц, способноста на Русија да влијае на јавното мислење на Запад според моќта е посилна од секоја бомба. Русите вешто ги дефинираа линиите по кои оди поделбата во општеството и добиваат полза од овие разногласија, пишува политологот во статијата за „Хил“.

Се чини дека за Русија нема никакви пречки во користењето на „меката сила“ за постигнување на своите стратешки цели, тврди во статијата за „Хил“ професорот по политологија на Универзитетот во Тел Авив Шај Гершковиц. А скриените дејствија на Москва на нејзината агенда значат дури и повеќе од отворените.  

На планот на глобалните амбиции, Русија заостанува единствено зад САД и Кина. Геополитичката ситуација, историјата и мошне агресивната програма на националната безбедност на земјата ја прават сериозен противник. Сепак, Москва е убедена дека пред неа стојат мноштво закани и се смета себеси за исклучително ранлива, изразувајќи го тоа преку агресивните дејствија на меѓународната сцена, што само го зајакнува чувството на Русија како опасност, пишува авторот.

Русите го сметаат Западот за најзначајна закана дури и по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Тие се плашат дека западните лидери ќе ги претворат земјите на поранешниот Советски Сојуз во свое продолжение и со самото тоа ќе го засилат своето политичко, воено, економско и културно влијание врз Русија.

Еден од најистакнатите стратегии на Кремљ, вели аналитичарот, е изградба преку „мека сила“ на нова железна завеса за да се спречат земјите, кои влегуваат во рамките на сферата на влијание на Русија, да ги зајакнат врските со НАТО. Сепак, Шај Гершковиц многу повеќе го интересираат операциите со помош на кои Москва стапува во индиректна и мошне софистицирана конфронтација со Западот. Како примери, политологот ги наведува: хакирањето на компјутерите на американската, Демократска партија, тајните контакти со високи членови на кампањата на Трамп, хакирање, и протекувањето на документите од штабот на Макрон и така натаму.

„Русите многу сериозно ја сфаќаат битката за јавната свест. Нивната способност да влијаат или да го контролираат јавното мислење всушност е супериорна по својата моќ од која било бомба... Тие ги поддржуваат нивните воени операции со кампањи, фокусирани на јавното несвесно“, тврди авторот.

Денес, Русија ги користи сите предности на сајбер-просторот: тајно прибира информации, ги крие своите хакери, користи трета страна за ширење на компромитирачки материјали. Покрај сето тоа, „за Русија нема ништо свето, вклучувајќи го и она под кое се подразбира комерцијалната функција на Западот - духот и развојот на неговата демократија“.

„Оваа тактика ја прави Русија моќен соперник за Западот. Русите ги разбираат постојните во западните општества разногласија и го применуваат првото правило во водењето на психолошка војна: со цел ефикасно да манипулирате, треба да се потпирате на реалноста, а не на лага која лесно се побива. Русите не го предизвикаа кај Американците чувството на одбивање на традиционалната политика на Вашингтон, тие не стојат зад расколот во јавното мислење во Франција. Сепак, тие успеаја да ги идентификуваат „линиите на фрактурата“ и да ги искористат во своја полза“, тврди Гершковиц.

Според процената на авторот, Русија сега подготвува терен за следната војна. Таа води повеќеслојна кампања која вклучува тајна и отворена употреба на „мека сила“ и која се потпира на сајбер-просторот; „кампања, насочена во срцето на духот на Западот и на оние, кои го споделуваат тој дух“, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња