„Вашингтон Пост“ ја „разоткри“ големата стратегија на Москва

Русија сака да им се спротивстави на „меѓународните режими“ кои се појавија по Втората светска војна и кои се потпираат на светските организации, се борат за демократија и заштита на човековите права“, пишува „Вашингтон Пост“.

Неодамнешниот пораст на тензиите меѓу Русија и САД поради влијанието на Москва во Сирија е ново поглавје во сѐ уште недовршената книга и дел од руската игра, т.е. „големата стратегија“, пишува аналитичарот Енди Екин во статијата „Што знаеме за руската стратегија“.

„Путин не ја рекламира големата стратегија на Русија, но иницијативите на руската надворешна политика во последниве 6 месеци даваат јасна претстава за нејзините цели“, тврди аналитичарот.

Москва сака да создаде нов баланс на силите во меѓународниот систем, полицентричен свет така што ќе им создава потешкотии на западните структури, НАТО и ЕУ, смета авторот. Според руската стратегија за национална безбедност, Москва не се обидува да стане светски центар на сила. Но, се надева дека ќе го промени постојниот меѓународен систем ориентиран кон Запад. Целта на Русија во тој случај е другите важни фактори да почнат да ги почитуваат нејзините интереси, пишува Екин.

„Русија бара и нови пазари за своето оружје и укинување на антируските санкции...Русија исто активно покажува сил во својата традиционална сфера на влијание – во поранешните советски републики и некои други земји. Москва сака да ја промени надворешната политика на соседните држави и сега врши притисок врз владејачките коалиции“, убеден е авторот на текстот.

И на крај, пишува Екин, Русија има намера да купува лојалност. Иако во стратегијата за национална безбедност на Русија не се зборува за тоа, авторот доаѓа до заклучок дека една од централните карактеристики на „режимот на Путин“ е предавање на државните средства во рацете на поединци, се вели во статијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња