Експерт: На Запад се однесуваат спрема Русите како спрема еретици

„Сѐ што знаеме за Русите е тоа дека тие се мешаа во нашите избори и тоа како навикнаа да постапуваат, како да се речиси на генетско склони да мамат, да го одземаат туѓото, да работат само во своја корист и слично. Така што ние имаме зошто да се грижиме“, изјави во интервју за Ен-Би-Си американскиот генерал во пензија и поранешен шеф на Националната агенција за разузнавање на САД Џејмс Клапер.

Генералниот директор на Институтот за регионални проблеми, политикологот Дмитриј Журављов во интервју за „Свободнаја Преса“ ги објаснува обидите Русија да се претстави како светско зло на следниов начин:

„Американците отсекогаш мислат дека тие се од Бога избрана нација. Во таа смисла тие се разликуваат од Хитлер единствено по тоа што не ги користеа како доказ генетските теории“, вели Журављов.

А зошто е Русија зло за многу земји? Затоа што е поинаква, продолжува тој.

„И ние имаме бела кожа, ама поинакви см. Прво, носиме сосем поинакви културни кодови. Второ, ние сме единствената земја на светот која е во состојба да ја уништи американската воена машинерија, а тоа веќе не е поврзано ниту со културата, ниту со нацијата. И затоа во принцип сме секогаш „виновни“.

Доколку би се однесувале како во 90-те години, од нас би се плашеле само генералите. А кога се однесуваме како денес, односно, не зборуваме дека Америка е подобра од сите и дека сакаме да живееме како во Америка, не ги покажуваме кодовите на кои тие навикнаа, тогаш од нас не се плашат само генералите. Се плаши целата елита.

А зошто сето тоа прераснува во вистинска психоза? Затоа што се работи за деградација на современите елити. Тоа е уште потежок проблем. Практично од 1945 година светот за западните елити беше мошне стабилен. А елитите од стабилниот период се елити кои ништо не работат. Секоја структура престанува да работи, да ја врши својата функција, почнува да деградира. Кога не постојат никакви функции, тогаш се земаат во своите редови оние кои не го заслужуваат тоа, туку оние со кои е наједноставно. А тоа се обично идиоти“.

Другата страна на медалот е либералната идеологија, смета политиколог, која се разликува од либерализмот на ХХ век кој беше мошне рационална теорија. „Либерализмот од XX век вели дека човекот мора да биде слободен од власта, дека државата не треба да ја ограничува слободата на човекот, барем не во сѐ. А денешната идеологија е дека човекот мора да биде слободен од општеството“.

 „Постојам јас и никој друг. Ако некој има проблем, нека не бара ништо од мене. Тој проблем може да биде во религијата, во општествените односи, економијата – мене тоа не ме интересира. Јас имам свој папок, го гледам и голем сум“, ја илустрира современата либерална идеологија Журављов.

„Таквата идеолошка основа не може да даде ништо освен психички проблеми, затоа што човекот не може да биде слободен од општеството. Ако смета дека е така, време е оди на лекар. На тој начин денешната западна либерална идеологија креира само психоза. А Русите се разликуваат по тоа што не сакаат да ја прифатат таа идеологија. А тоа предизвикува хистерија на Запад“.

„Ние во тоа не веруваме. Тие нѐ гледаат како верници. Затоа што либералната идеологија во денешна форма може да постои само како „религија“. Ние таа религија не ја прифаќаме и тие се однесуваат спрема нас како спрема еретици, а тоа е секогаш емоционален однос.“

Прашањето е што да се прави со тоа, вели експертот. „Што се прави со пациентите? Се лекуваат. Затоа што, што е тоа психички болен човек? Кога би можеле да го запреме и да му кажеме: Не, Русите не напаѓаат... Меѓутоа доволно е да се свртиш и тој веќе ќе стори нешто лошо со себе...“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња