Украинскиот премиер има намера да го запре „Северен тек 2“

Според премиерот на Украина Владимир Гројсман, Киев презема политички и правни мерки за да не дозволи реализација на проектот за изградба на гасоводот „Северен тек 2“.

„Сакам да ве уверам дека сите политички, а исто така и правни мерки се преземаат од страна на Украина (...), вклучувајќи и координација на нашите напори со другите меѓународни партнери“, изјави украинскиот премиер Гројсман.

Претходно во вторникот претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ја повика ЕУ максимално да го заостри пристапот спрема изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ кој, како што тврди Туск, „им противречи на интересите“ на ЕУ.

Европа сѐ уште има инструменти кои можат да ја усложнат изградбата на гасоводот, смета весникот „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња