Берлин со поддршка за „Северен тек 2“

Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел изрази поддршка на проектот „Северен тек 2“, изјавувајќи дека тој е заснован на пазарни механизми.

Габриел истакна дека пред неколку години Европа по совет на САД реши да го либерализира пазарот на гас, да го извади од политиката, од државното регулирање и да ги остави само рамките на европското регулирање.

„Останатото треба да биде прашање на пазар, компаниите треба да одлучат од кој дел на светот ќе добиваат нафта и гас“, изјави Габриел.

Порталот „Взгљад“ истакнува дека ова е првпат Берлин на толку високо ниво да изрази поддршка за изградбата на „Северен тек 2“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња