„Кога врз нас истураат реки кал, кога нашите уметници, дејци од културата, уметноста ги прогласуваат за персони нон грата, кога им го одземат бизнисот на руските инвеститори во економијата на Украина, кога, најпосле, сериозно зборуваат за воведување на визен режим, дали мислите дека ние треба сето тоа да го проголтаме и да не возвратиме?“, праша министерот за време на неговиот говор на Балтичкиот федерален универзитет во Калининград, пренесува „Лента.ру“.
Лавров истакна дека Москва не води никакви црни листи за Украина, со исклучок на одделни случаи.
Прашањето за можноста од воведување визен режим меѓу Украина и Русија беше покренато во украинскиот парламент во мај. По неколку дена во Врховната Рада во Киев почна расправата по ова прашање.
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, коментирајќи ја оваа тема, истакна дека не може да коментира за хипотетски прашања. „Ајде да почекаме уште една рунда русофопски дискусии“, изјави тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче