Министерот за одбрана на Украина Степан Полторак на својата страница на „Фејсбук“ изјави дека руските војници во Цхинвалскиот регион се однесуваат претпазливо.
„Во Грузија ја посетив линијата на разграничување со окупираните територии во Цхинвалскиот регион, видов како се однесуваат од таа страна, од страна на окупираните територии.
Окупаторите се кријат и се однесуваат како стаорци, се притаиле. Тие дошле на туѓа земја и никогаш нема да бидат полноправни газди, секогаш ќе се обѕрнуваат и никогаш нема да се почувствуваат како дома“, изјави Полторак, пренесува порталот „Шариј.нет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче