Според Тибилов, „таков договор меѓу претседателот Тибилов и мене има... ние без сомнение ќе се консултираме и со нашите руски колеги, затоа што тоа директно се однесува на Русија“. Спикерот на парламентот истакна дека руското законодавство го дозволува тоа, но сѐ уште зависи од тековната меѓународна ситуација.
Во мај минатата година раководството на Јужна Осетија потпиша резолуција за спроведување референдум во 2017 година за влегување на републиката во состав на Русија.
Покрај тоа, за 9 април е закажан референдум за преименување на републиката во Аланија.
„Нашите браќа на север ја нарекоа својата република Северна Осетија-Аланија, а преименувањето на нашата држава во Јужна Осетија-Аланија ќе создаде услови и предуслови за влегување на Обединета Аланија во состав на Руската Федерација“, ја објасни иницијативата Тибилов, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче