МНР на РФ реагира на написите за „мешање во работите на Македонија“

„Оние, кои отворено директно учествуваа во режирањето на настаните на македонската политичка сцена, се обидуваат за нешто да ја обвинат Русија, која од почеток континуирано истапуваше против наметнувањето однадвор на Скопје деструктивни шеми“, се вели во коментарот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Одделот за информирање и печат при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација објави денеска коментар по повод статијата која ја пренесоа македонските медиуми, а во која Русија се обвинува за мешање во внатрешните работи на Македонија.

Коментарот го пренесуваме во целост: 

„Обрнавме внимание на објавената од страна на интернет проектот OCCRP (Центар за проучување на организиран криминал и корупција) и широко цитирана од медиумите статија за наводното мешање кое се случува последниве години од страна на Руската Федерација во внатрешните работи на Република Македонија. Ова не е нешто друго освен уште еден несмасен обид да се префрли одговорноста за појавата на длабоката криза на македонската држава. Неоснованите обвинувања на адреса на Москва за финансирање на македонските медиуми со цел ширење на дезинформации за руски интереси доаѓаат од организација чии главни спонзори се државните структури на САД и фондацијата на Џ. Сорос. Односно оние, кои отворено директно учествуваа во режирањето на настаните на македонската политичка сцена, се обидуваат за нешто да ја обвинат Русија, која од почеток континуирано истапуваше против наметнувањето однадвор на Скопје деструктивни шеми.

Притоа, се разбира, OCCRP молчи за тоа што всушност го предизвика сериозното заострување на ситуацијата: своеволниот притисок на Брисел и Вашингтон врз легитимното раководство на Македонија со цел да се протуркаат решенија кои не одговараат на националните интереси на таа држава, одбивањето на Западот да ја осуди фамозната „Тиранска платформа", која е манифестација на големоалбанската идеологија.  Очигледно, на најдобар начин за надворешното мешање зборува приказната со демонстрирањето од страна на спикерот на парламентот во неговиот официјален кабинет на знамето на Албанија. А руско или српско – никој не истакна“, се вели во коментарот на сајтот на Министерството за надворешни работи на Русија. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња