Киев сака да го прекине железничкиот патнички сообраќај со Русија и тоа може да се случи веќе на 1 јули, соопштија за медиумите извори блиски до владата на Украина.
„Украина се подготвува да го прекине железничкиот патнички сообраќај со Русија околу 1 јули“, го цитира соопштението „Известија“.
За ова решение активно се залагаат секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александар Турчинов и спикерот на Врховната рада Андреј Парубиј.
Повод за забраната на сообраќајот може да биде позицијата на „Руски железници“ кои немаат намера да го прекинат железничкиот сообраќај со Донецк, што во Украина се смета за нарушување на суверенитетот.
Товарните превози меѓу Русија и Украина се веќе укинати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче