Анкета: Русите ги сметаат САД и Украина за најголеми непријатели

Граѓаните на Русија ги сметаат за главни непријатели на својата земја САД, Украина и Германија, а за сојузници Белорусија, Кина и Казахстан, соопштува „Интерфакс“ повикувајќи се на резултати од анкета на „Левада центарот“.

46% од испитаниците ја сметаат Белорусија за најголем пријател на Русија. На второто место е Кина (39%). Меѓу главните сојузници се Казахстан (34%), Сирија (15%), Индија (14%), Ерменија (12%), Куба (11%), Узбекистан, Таџикистан и Азербејџан (по 9%).

Според мислењето на анкетираните, најнепријателски расположени спрема Русија се САД (69%), Украина (50%), Германија, Летонија и Литванија (по 24%), Полска (21%), Естонија (16%), Велика Британија (15%), Грузија (9%) и Франција (8%).

За година дена односот на Русите најмногу се променил спрема Турција, велат резултатите од истражувањето. Ако во 2016 година 29% од Русите сметале дека Турција е непријателски расположен спрема Русија, годинава има само 8% кои сметаат така. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња