Анкета: 64% Американци ја нарекоа Русија непријателска земја

За четири години овој показател се зголеми за 24%.

Русија ја сметаат за непријател на Америка 64% од граѓаните на САД, а за сојузник – 28% од анкетираните од телевизијата „Фокс Њуз“. Руската држава се најде на четвртото место меѓу сите земји кои Американците ги сметаат за непријатели на својата татковина.

На прво место се најде Северна Кореја – 93% ја сметаат за непријателска, второто место го зазема Иран (80%), а третото - Сирија (76%), каде коалицијата предводена од САД води борба против терористичката организација „Исламска држава“ и режимот на претседателот Башар Асад.

Притоа 73% од Американците сметаат дека шефот на нивната држава Доналд Трамп ја смета Русија за свој сојузник, а 20% мислат дека тој гледа соперник во Москва.

„Фокс Њуз“ истакнува дека последниве неколку години односот на граѓаните на САД спрема Русија е многу влошен, затоа што во март 2013 година (пред присоединувањето на Крим кон РФ), Русија ја сметале за пријателска држава 47% од Американците, а за непријател – 40%. На тој начин непријателството спрема Москва последниве четири години пораснало за 24%.

За главен сојузник на САД 96% од Американците ја сметаат Канада. Велика Британија е пријателска земја за 95% од населението, Франција за 92%, додека Германија е пријателска за 87% од Американците, пренесува „Интерфакс“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња