Премиерот Душан Марковиќ изнесе детали за донесувањето на одлуките за стапувањето на Црна Гора во НАТО и гласањето во парламентот, спроведено без референдум и без голем интерес за мислењето на граѓаните, пренесува телевизија „Лајф“.
Што точно кажа црногорскиот премиер во телефонскиот разговор со „Порошенко“:
„Не сакавме да одиме на референдум, затоа што според уставот немаме таква обврска. Освен тоа, организирањето на референдум би отворило простор за разни махинации на Русија“.
На крајот на разговорот Лексус во улогата на Порошенко изјавува дека во моментот крева здравица и за Црна Гора пие „чист алкохол“, а Марковиќ изразува надеж за скора средба и развој на билатералните односи.
Мило Ѓукановиќ пак, во разговорот со „Владимир Гројсман“ се осврнува на оние кои се изјаснуваат против НАТО.
„Во црногорското општество навистина има несогласувања. Тој проблем се чувствуваше и претходно за некои други прашања. Дел од граѓаните беше против наша независност и сакаше да останеме заедно со Србија. Во овој момент таа опозиција активно се залага да не влеземе во ЕУ за да нашите односи се засноваат на пријателство со Русија“, вели Ѓукановиќ.
Во текот на разговорот тој му ветува на „Гројсман“ и една лична услуга. Пранкерите така му предлагаат изградба на фабрика за чоколади во Црна Гора во замена за бришење на фирмите на украинскиот премиер од државниот регистар.
„Сфаќам за што зборувате. Можете да испратите луѓе кај мене и тие ќе добијат точни инструкции што треба да направат. Ќе ви помогнам“, вели Ѓукановиќ, ни најмалку збунет од таквата молба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче