Пранкстерите Владимир „Вован“ Краснов (лево) и Алексеј „Лексус“ Стољаров на прес-конференција
Александар Шчербак / ТАССАко ви заѕвони телефонот и откако ќе кренете и слушнете: „Здраво, Владимир Путин е“, не радувајте се (или плашете) веднаш. Многу веројатно е дека сте станале жртва на една од закачките за кои се одговорни руските телефонски пранкери Вован и Лексус.
Листата на „жртви“ на дуото е импресивен. Претставувајќи се како Путин и неговиот портпарол, тие се јавиле на Елтон Џон, за да поразговараат за правата на хомосексуалците и лезбејките во Русија. Од името на претседателот на Украина Петро Порошенко и премиерот на земјата Арсениј Јацењук си комуницирале со турскиот претседател Реџеп Ердоган. Во име на Порошенко, пак, испратиле писмо на украинската војничка Надежда Савченко со барање таа да го прекине штрајкот со глад - и таа се согласила.
Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Стољаров) ги нарекуваат своите активности „пранк-новинарство“, појаснувајќи дека тоа е специфичен вид пранк: наместо да си прават обични шегички со соговорници, тие добиваат уникатни информации. На пример, во разговор со лидерите на кримските Татари, организирале блокада на Крим, во име на украински чиновници пранкерите го нашле човекот кој во ноември 2015 година постави експлозив на далноводот од Украина кон Крим. Сите податоци од својата „истрага“ пранкерите ја пренесуваат на обвинителството на Крим.
„За нашата работа треба да имаш нешто од новинар, нешто од разузнавач. И, се разбира, смисла за хумор“, раскажува за „Руска реч на македонски“ Вован.
Секогаш излегува така дека политичките пранкови на Вован и Лексус се корисни за Кремљ: жртвите на нивните шеги обично се оние кои се во конфликт со Русија. Сепак, самите Кузнецов и Стољаров истакнуваат: тие се патриоти и ја поддржуваат политиката на Путин, но не работат за државата, а по координатите на познати луѓе трагаат сами или со помош на „пријатели“.
На гласините за врските на пранкерите со разузнавачите се однесуваат со видлива иронија. При тоа, тие не сакаат да си играат со руските политичари или со јавните личности, како Рамзан Кадиров или патријархот Кирил: „Ќе настане дестабилизација внатре во земјата“.
Пранкерите не сакаат да ги откриваат сите детали за тоа како успеваат да се јават на шефовите на држави, но општата шема изгледа вака: до самиот врв тие стигнуваат преку долгата низа луѓе, почнувајќи од најниските ешалони. „Има луѓе кои се подготвени да ни помогнат“, раскажува Кузнецов.
Понекогаш пранкерите користат странски имиња. „Телефонот на Џон Мекејн, на пример, успеавме да го најдеме со помош на Саакашвили (поранешниот претседател на Грузија, губернатор на Одеса – заб. ред.), вели Лексус.
Пранкерите тврдат дека нивната активност не е толку политизирана. „Ние не бараме посебно непријатели на Русија, за да ги посочиме со прст“, објаснува Кузнецов. „За нас главното е информацискиот повод“. Токму затоа, раскажуваат пранкерите, во есента 2015 година се јавиле на пејачот Елтон Џон, претставувајќи се како претседателот на Русија и неговиот портпарол: „Тој рече дека би сакал да разговара со Путин за правата на лицата со нетрадиционална сексуална ориентација и решивме дека тоа е интересна идеја“.
Стољаров тврди дека има табуа кои тој и Кузнецов никогаш нема да ги нарушат: „Не треба да се шегувате со стари и болни луѓе. Не се задеваме и не поттикнуваме луѓе кои нам лично ни се симпатични. И не прифаќаме платени нарачки, како што тоа го прават некои други пранкери“.
Вован и Лексус си признаваат дека би се радувале да си поразговараат со Барак Обама или со Ангела Меркел. „Лидерите на европските земји и САД се најпосакуваните личности. Се разбира, тоа е многу комплицирано и не велам дека веќе сме во потрага по нивните телефонски броеви. Но, имаме желба да поразговараме со нив“, раскажува Вован за „Руска реч на македонски“.
Од 30 април пранкерите започнуваат да работат во нов формат: на руската телевизија НТВ започнува шоуто „Звонок“ (телефонски повик – заб. прев.). Во него пранкерите ќе се јавуваат на познати лица во врска со најнови теми, а добиените информации ќе се дискутираат веднаш во студиото со гости и со експерти.
Според руското законодавство активностите на пранкерите кои се претставуваат со странски имиња по телефон, не се сметаат за злосторство, ако не ги навредува соговорниците и доколку не постојат закани. Кривични дела против Вован и Лексус не се поведуваат. Односот на Украина кон руските пранкери сепак не е толку либерален: според Лексус против него и неговиот колега во Украина се поведени кривични постапки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче