Порошенко: Украинците можат да преживеат без руските социјални мрежи

Украинците можат да преживеат без руските социјални мрежи, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека украинскиот народ е способен да преживее без руските социјални мрежи кои се најдоа под санкции на Киев.

„Без социјалните мрежи под контрола на КГБ-ФСБ, мојот украински народ е способен да преживее“, изјави Порошенко во неделата на манифестацијата по повод Денот на сеќавањето на жртвите на политичките репресии во националниот историско-меморијален парк „Биковњански могили“ во Киев.

Санкциите против руските социјални мрежи „ВКонтакте“, и „Одноклассники“, како и компаниите „Јандекс“, Mail.ru, „Доктор Веб“ и „Лабораторијата на Касперски“ беа донесени во Украина на 16 мај, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња