ЕУ очекува дополнителни објаснувања од Киев за блокадата на руските сајтови

Блокирањето на руските саајтови и социјални мрежи од страна на Киев не треба да го нарушува правото на граѓаните на слободно мислење, изјавија од претставништвото на ЕУ во Украина.

Од претставништвото на ЕУ во Киев изјавија за УНИАН дека се запознаени со одлуката на Киев да блокира низа руски информативни ресурси, вклучувајќи ги и популрните социјални медиумски платформи.

„Свесни сме дека заштитата на националната безбедност претставува прерогатив за украинската влада“, се вели во изјавата.

Сепак, претставништвото на ЕУ се надева дека украинските власти „ќе преземат чекори за ограничувачките мерки да немаат негативно влијание врз фундаменталното право на слободно мислење“.

ЕУ исто така очекува понатамошни објаснувања од украинските власти, вклучително и за времениот карактер на овие мерки, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња