Стејт департментот го коментираше блокирањето на руските сајтови во Украина

Портпарол на Стејт департментот на САД ја коментираше одлуката на украинските власти за воведување санкции против неколку руски сајтови на територијата на Украина.

„Слободата на изразувањето претставува клучен елемент на секоја здрава демократија и таа е утврдена со уставот на Украина. Ја повикуваме украинската влада да најде начин да ги заштити своите национални интереси без поткопување на нивните уставни принципи“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Притоа тој ги обвини руските медиуми за користење лажни вести за „дестабилизација“ на ситуацијата во Украина, но не наведе какви било докази.

Претходно украинскиот адвокат Роман Лихачов поднесе тужба против претседателот на Украина Петро Порошенко за санкциите против руските сајтови.

Претходно на 16 мај Порошенко ја потврди одлуката на СНБО за проширување на списокот со физички и правни лица од Русија против кои се воведени санкции.

Во списокот со санкции влегоа социјалните мрежи „ВКонтакте“, „Одноклассники“, како и интернет-ресурсите „Јандекс“ и Mail.Ru, пренесува RT

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња