Германија ги критикува новите антируски санкции на Украина

Берлин со загриженост гледа на информацијата за санкциите кои Киев ги воведе против руските сајтови.

Берлин со загриженост гледа на информацијата за санкциите кои Киев ги воведе против руските сајтови и смета дека тоа ја загрозува слободата на медиумите, изјави портпаролот на МНР на Германија Мартин Шефер.

„Многу нешта што се преземени против медиумите предизвикува кај нас прашања во сферата на слободата на печатот и медиумите“, изјави Шефер, пренесува „Взгљад”.

Од друга страна, портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјави дека санкциите на Украина против руските медиуми не се во склад со европските вредности, но истакна дека Украина не е кандидат за влез во ЕУ.

Тој исто така укажа дека ограничувањето на пристапот до руските медиуми не придонесува за подобрување на односите меѓу Русија и Украина.

Како што се соопштува, за блокирање на руските сајтови против кои се воведени санкциите, на Украина ќе ѝ требаат околу две години и една милијарда долари. Украинските власти веќе признаа дека нема да можат целосно да го блокираат пристапот до руските социјални мрежи „Вконтакте” и „Одноклассники”, затоа што корисниците можат да ја заобиколат блокадата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња