Во Киев ќе биде подигнат меморијален комплекс „Агресијата на Русија“

Меморијалот ќе биде подигнат на територијата на музеј, недалеку од скулптурата „Мајка-татковина“.

Во Киев е планирано подигнување на меморијален комплекс „Агресијата на Русија“ на територијата на Националниот музеј на историјата на Украина во Втората светска војна. Ова го објави порталот „Вести“, повикувајќи се на главниот кустос на музејот Анатолиј Гајдамака.

Гајдамака изјави дека називот на проектот е веќе потврден, но дека тоа е работна верзија. Според него, меморијалниот комплекс ќе се наоѓа на територијата на музејот, недалеку од скулптурата „Мајка-татковина“.

Тој објасни дека изградбата не подразбира „меморијал во вообичаената смисла“, ами дека ќе содржи голем број „симболи и алегории“.

Претходно Киев одлучи да не го демонтира споменикот „Мајка-татковина“ во рамките на реализацијата на законот за декомунузација. Единствено беше решено од споменикот да биде симнат или скриен советскиот грб.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња